Знам дека си ветив дека нема да се навраќам на минатото и да живеам во
спомени,и самиот ми кажа "минатото е изгубена битка"...сфаќам дека тоа
навистина е така,минатото навистина е изгубена битка,нешто што не можеш
да го смениш.Читајќи ја и последната порака од тебе,ме обзема чувство
на тага,болка,горчина,копнеж по нешто што постоеше,а кога сето тоа ќе
се помеша настанува хаос,тотален хаос!!!Множество на испомешани
чувства,каде што нема комплемент пресек или унија,каде што не се
разликува позитивното од негативното,едноставно-НЕДЕФИНИРАНО
МНОЖЕСТВО!А ова е мојата исповед,преку која што ќе пробам да го изразам
тој хаос што ми го предизвика твоето невнимание.Дозволи сето време
поминато заедно да пропадне во вода без да ти трепне око,како во
градите да не ти чука срце,туку еден часовник,кој всушност престанал
одамна да работи,а ти стана ладен и бесчувствителен...но мислам дека е
крајно време да ги смениш батериите.
(Прочитај повеќе...)
Дали љубовта е грев што се казнува? Дали горе е доле, а тишината е
звук? Дале е правило да те повредат ако целосно се предадеш некому?
Дали треба да лажеш за да ти веруваат? Дали на луѓето е подобро да им
го кажеш она што сакаат да го чујат? Дали ако играш валкано ќе имаш
чиста добивка? Дали ако си искрен треба да патиш? Дали треба да си ѕвер
и нечовек за луѓето да те сметаат за светец? Дали треба да се грижиш
само за себе за луѓето да те почитуваат? Дали ако си играш со нечии
чувства тие луѓе ќе те сакаат? Дали кога би бил суров кон цел свет,
светот ќе те чува како капка роса на дланка? Дали ако навредиш некој
што те цени, тој уште повеќе ќе ти се восхитува? Дали има некој што ќе
ти остане најдобар пријател ако му го убиеш саканиот? Дали љубовта е
грев што се казнува? Ако не е, зазшто ме осуди на пропаст?
Te сакам и ке те сакам...
... сакам само убаво да ти е.. за мене не грижи се.. :(
Перо работи како чувар во Фабрика. Една ден во фабриката доаѓа на посета претседателот на Македонија, Бранко Црвенковски. Кога
поминувале покрај Перо претседателот извикнал:
- Перо, ти ли си бе?
- Јас сум бе Бране, - одговорил Перо.
На шефот му станало многу чудно тоа што претседателот го познава Перо, па окако си заминал Бранко го повикал Перо во неговата канцеларија.
- Абе Перо од кај се знаеш ти со Бранко? - прашал шефот.
- Шефе, абе знаеш дека мене цел свет ме познава?
- Како тоа бе Перо?- Така бе, нема човек жив на светот што не ме познава!
- Те знае ли бе Џорџ Буш?!
- Тиииии бе шефе, Џорџ ми е еден од подобрите пријатели!
- Епа ај ќе отидиме до Вашингтон јас плаќам карти, тебе претседател на Америка нема шанси да те знае...
И одат Перо и шефот во белата куќа, ѕвонат, и отвара Лора Буш:
- Ohoo Pero, what a wonderful surprize! Come on in, George is in the backyard!
Шефот вилицата до земја! Не му се верува што гледа! Делириум...па вика:
- Перо, нема шанси тебе папата да те знае!
- Хахахаа шефе бе, па Папата ми е куќен пријател! Со моите од мали нозе се знае!
- Оди бе лажго еден, одиме во Ватикан одма! -вика шефот...
ЗОШТО ги рече тие зборови... .... кога не ги мислеше ? ЗОШТО ме бакнуваше нежно... ... кога не чуствуваше...? ЗОШТО беше со мене ... .. кога не ме сакаше? ЗОШТО ме лажеше ... ... кога не ме посакуваше? ЗОШТО ме галеше.... .... кога ме изневеруваше...? ЗОШТО ме натера да те сакам... ... кога ме расплакуваше? ЗОШТО ме остави ... ... кога ме сонуваше ?
Ти ја подарив сета љубов на светот -но го погрешив човекот. ти не знаеше за љубов.. Ти ја подарив светлината на животот -но залудно ти гледаше во мракот. Те сакаав со целиот жар во себе -но згрешив тебе жарот не можеше да те стопи. Го оставив својот живот и живеев за тебе. -но залудно ти ни најмалку го заслуши тоа. Те осипував со нежности -погрешив твоите беа студени и лажни. Ти го подарив срцето -згрешив ти го скрши на две половини и никогаш не го состави...